«

»

Feb 19

Исплатени 2,5 милиони денари за обештетување на поплавените објекти во општина Новаци

10547051_917261028297796_25414567983639426_o

Општина Новаци преку наменската сметка за солидарност ги обештети лицата кои поднеле барање до Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди а кои претрпеле штети врз индивидуални семејни куќи или пропратни објекти во поплавите кои ја зафатија оваа општина во периодот јануари-април минатата година.

„ Деновиве го реализираме исплаќањето на лицата кои претпеле штети врз индивидуални семејни куќи или пропратни објекти од поплавите кои мината година ја зафатија општина Новоци во два наврати. Од вкупно 70 поднесени барања сите се обештетени со вкупен износ од  2,5 милиони денари.  “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Исплаќањето на средствата се направи со одлука на Владата на Република Македонија а средствата се обезбедени од државниот буџет.

„До Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди при општина Новаци беа поднесени 56 барања за првата поплава која настана во периодот 28.01-08.02.2015 година и 12 барања за втората поплава која се случи во периодот 29.03-20.04.2015 година. Сите се обештетени согласно направената проценка и извршен увид на лице место “ рече градоначалникот Котевски.

Минатата година пелагониската општина Новаци во два наврати ја зафати поплава од досега невидени размери. Жителите имаа пријавено околу 300 барања за обештетување на земјоделски посеви и површини , 70 барања за полавени објекти а една куќа беше целосно уништена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php