«

»

Feb 08

Владиниот проект „Нови типски насeлби“ и во Општина Новаци

1

Со определување на парцела за изградба на 100 куќи , Општина Новаци е дел од владиниот проект „Нови типски населби“ со ниска цена на земјиштето .

„Општината определи катастарска парцела КП 1374/1 место викано Разловци на која се определени околу 100 градежни парцели за изградба на куќи во Нова типска населба. Парцелата предвидена за оваа намена опфаќа околу 4 хектари земјиште а Владата ќе обезбеди средства за изработка на урбанистичка документација како и потребна инфраструктура: спроведување на водовод и канализација изградба на патишта и слично. Просечната цена на комуналиите за изградба на недвижен имот на територијата на општина Новаци изнесуваат околу 120 денари за метар квадратен. На овој начин младите луѓе ќе имаат можност да се стекнат со свое живеалиште по многу поволни услови.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Овој проект „Нови типски населби“ во руралните средини ќе се реализира преку Програмата за рурален развој.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php