«

»

Feb 05

Градоначалникот Котевски со Отчет за сработеното во 2015 година

 

12646642_1224756127552169_9123558535305124208_o

На прес—конференција, градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски ги презентираше сработените активности во 2015 година и планираните проекти за 2016 година.

Дел од проектите реализирани во 2015 година се: Асфалтирање на патните правци, Новаци – Добромири, реконструкција на патотНоваци – Клепач, регионалниот   пат Мегленци и реконструкција на регионалниот пат Мегленци – Арматуш, со средства од владата. Изграден е деловен објект во центарот на Новаци во вредност од 5,8 милиони денари од буџетот на Општината, а се дебетонираше и каналот во Долно Агларци со средства од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

Градоначалникот рече дека во тек се и неколку проекти, како што е акцијата за чистење на Црна Река во вредност од 500 илјади евра од програмата за рурален развој на Министерството за земјоделие. Тука е и реконструкцијата на патот Гнеотино-Брод, како и локалниот пат до манастирот Свети Архангел Михаил во Скочивир со што ќе се поврзе регионалниот пат 2438.

За 2016 година, градоначалникот најави неколку проекти, меѓу кои: Систем за наводнување јужен крак Новаци, Изградба на парновод во Новаци, Битола и Могила од РЕК, Изградба на водовод од бунар  кои ќе ги снабдува со вода селата Брод – Добровени –Живојно, Изградба на фекални канализации во селата Гермијан, Добромири Бач и Рибарци, Поставување на ограда околу салата на гробиштата во с.Новаци. Со ИПА проектот „ Жива историја , жива природа 2 “ од прекугранична соработка Македонија – Грција годинава ќе се реализира втората фаза од реконструкцијата на црквата Св.Димитрија во с. Градешница, комплетно уредување на рекреативно излетничкото место Коњарка – Скочивир, деминирање на месноста Змеица, обележување на историска и природна патека во пограничниот период, поставување на знаци и 5 сета клупи на различни локации и развивање на мобилна апликација за туристи.

Котевски го потенцираше и проектот кој не е започнат, но е значаен за граѓаните на Новаци и кој поврзува многу села, а тоа е асфалтирање на регионалниот пат Рапеш – Старавина, во должина: 2 км. Општината има обезбедено средства преку Министерството за транспорт и врски и ќе обезбеди тампон, документацијата е подготвена и доставена до изведувачите „Македонија Пат“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php