Monthly Archive: February 2016

Feb 26

ЛУПД и Стратегиска оцена за изградба на ловен дом со пратечки содржини во с. Будимирци

Во просториите на општина Новаци денеска се организираше јавен увид и расправа за Нацрт Извештајот за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина по нацрт извештај за статегиска оцена на ЛУПД за изградба на ловен дом со пратечки содржини на дел  од КП бр.1372,1750 и 2109 во КО Будимирци.

Feb 26

Акција за чистење на одводен канал во Новаци

Во рамките на проектот „Стоп за поплавите“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива, а е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, денес се реализира акција за чистење на одводен канал во Новаци.

Feb 25

Втор координативен состанок за проектот „Lhi Lna II“

Денеска во општина Новаци се одржа вториот координативен состанок за прогресот и текот на имплементацијата на проектот „Жива историја, жива природа 2“ со грчките партнери од општина Алмопиа.

Feb 23

Оглас Агенција за вработување

Агенцијата за вработување на Република Македонија објавува ЈАВЕН ОГЛАС до заинтересирани невработени евидентирани лица – активни баратели на работа. ОГЛАС ИНФОРМАТИВЕН ЛИСТ ПРИЈАВА

Feb 23

Советот на општина Новаци ја одржа 46-тата седница

Советниците во Советот на општина Новаци денеска ја одржаа 46-тата седница на која разгледуваа и расправаа за дваесеттина точки на дневен ред. Како и секогаш седницата започна со разгледување и усвојување на записникот за претходната седница. Потоа се донесе Одлука за одлука заспроведување на мерки на систематска дератизација и превентивна дезинсекција на територијата а општина …

Continue reading »

Feb 19

Исплатени 2,5 милиони денари за обештетување на поплавените објекти во општина Новаци

Општина Новаци преку наменската сметка за солидарност ги обештети лицата кои поднеле барање до Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди а кои претрпеле штети врз индивидуални семејни куќи или пропратни објекти во поплавите кои ја зафатија оваа општина во периодот јануари-април минатата година.

Feb 15

Отворени денови на Агенцијата за вработување во Општина Новаци

Со цел подобра информираност на граѓаните и можност за доближување и олеснување на пристапот до услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија,денеска во општина Новаци се реализира активноста ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ СО ГРАЃАНИТЕ на кој присуствуваше градоначалникот Лазар Котевски и директорката на подрачната единица на Агенцијата за Вработување на Република Македонија- Битола, Јешим Сефуловска.

Feb 11

Јавен увид и јавна расправа по Нацрт-Извештај за стратегиска оцена на животна средина ЛУПД за изградба на ловен дом

Почитувани, На следниов ЛИНК ќе го најдете соопштението за Јавен увид и јавна расправа по Нацрт-Извештај за стратегиска оцена на животна средина ЛУПД за изградба на ловен дом со пратечки содржини на дел од КП бр. 1372, 1750 и 2109 во КО Будимирци, општина Новаци. Расправата ќе се организира на 26.02.2016 во Салата за седници …

Continue reading »

Feb 10

Програмата за граѓанско лидерство во општина Новаци

Kултурно иновативниот клуб со семинарот за лидерство и волонтеризам започна со реализација на проектот Програма за млади наречена CLIMON -CIVIC LEADERSHIP IN MUNICIPALITI OF NOVACI .

Feb 08

Владиниот проект „Нови типски насeлби“ и во Општина Новаци

Со определување на парцела за изградба на 100 куќи , Општина Новаци е дел од владиниот проект „Нови типски населби“ со ниска цена на земјиштето .

Older posts «

css.php