«

»

Dec 29

Заврши проектот „Растеме и учиме заедно 2“ во центрите во Живојно, Добромири, Гермијан , Далбеговци и Агларци

12463595_938643799550802_1272682077_n

Со приредба за Нова година и Божик беше означен крајот на шестмесечниот проект на општина Новаци со кој беа отворени пет центри за ран детски развој во Живојно,Агларци, Далбеговци, Добромири и Гермијан. Со овој проект времено беа ангажирани пет едукатори и еден дефектолог . Ова е трет пат како општина Новаци реализира проект од програмата Општинско корисна работа  со помош на УНДП , Агенцијата за вработување и МТСП на РМ. Претходно успешно го имплементираше шест месечниот проект за неформално образование на жените албанки и нивно изучување на македонскиот  јазик а потоа проектот „Растеме и учиме заедно 1“.

12435680_938646829550499_2085185830_n

„Со новогодишни приредби на дечињата во сите пет села го означивме завршетокот на овој проект за општинско корисна работа кој е реализиран преку УНДП. Им доделивме пригодни пакетчиња на сите дечиња , а минатата недела за нив во општината беше изведена новогодишна претстава. Заинтересираноста кај родителите е многу голема  затоа што значи социјализација за децата од руралните средини заедничко дружење и учење.Општина Новаци ќе продолжи и понатаму со поддржување на ваквите проекти. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

DSC_3674

Како и секоја година така и оваа ,општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски обезбедија новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои посетуваат настава во централното и подрачните училишта „Славко Лумбарковски“. Новогодишни  пакетчиња им беа поделени и на социјално загрозените и многудетните семејства во општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php