«

»

Dec 25

Работилница: Климатските промени и нивното значење за општина Новаци

DSC_1844

Во рамките на проектот „Стоп за поплавите“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива а е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, денес се одржа предавање на тема „Чиста околина“ во салата на општина Новаци.

 

На присутните им беа дадени информации за климатските промени, што тие значат , како и дали ние можеме да влијаеме врз нив, какви прилагодувања треба да се направат.

На присутните им се направи кратка презентација за поплавите кои ја зафатија општина Новаци во периодоот јануари – април годинава, последиците кои ги  донесе оваа непогода, беа потенцирани причините и нивно отстранување. Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски се осврна на статистичките податоци од поплавите и предизвиканите штети а кажа и што се прави локалната самоуправа за нивно спречување во иднина.

 

На предавањето присуствуваа околу педесеттина присутни ученици  наставници од ЦОУ Славко Лумбарковски Новаци , претставници на локалната самоуправа, и комуналното претпријатие Комунална хигиена Новаци

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php