«

»

Dec 24

Општина Новаци го донесе Буџетот за 2016 година

DSC_1705

На 44 тата седница на Советот на Општина Новаци беше донесен најважниот документ за финансиското работење на локалната самоуправа. Покрај Буџетот советниците донесоа одлука за извршување на буџетот за 2016 година, oдлука за давање согласност на  доставени извештаи на искористени средства за 2014 година на Здруженија на граѓани, спортски, технички и научни друштва, наменски дотации за културно уметнички манифестации и слично.

„Буџетот на општина Новаци за 2016 година изнесува 276.885.135,00 денари . Процентот на извршување на буџетот за 2015 година до овој момент изнесува 75 проценти а до крајот на годината очекуваме уште мал процент на зголемување“  рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Советот на општина Новаци донесе одлука за одобрување на   Предлог Програмата  за работа на Јавното Претпријатие за Комунални Дејности „Комунална Хигиена“ Новаци за 2016 година, решение за избор на претседател и членови за попис на стварите во општина Новаци.

На денешната седница на дневен ред се најдоа и неколку дополнувања . Беа донесени 4 предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко-планска документација за КО Новаци, КО Добромири и КО Паралово, донесена беше одлука за одобрување на Локалниот акционен план за 2016 година на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените во општина Новаци а беа одобрени и барањето од МЗ с.Брод за времено отстапување на училиштето во с.Брод, од Приватна Здраствена Установа, ординација по општа медицина Др.ДАСКАЛ с.Новаци и Здружение на креативни индивидуалци „Нов Блесок“ Битола за донирање на финансиски средства .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php