«

»

Dec 23

Трибината “На Македонија и треба твојата идеа“ во Новаци

DSC_1595

Граѓаните на општина Новаци пред Потпретседателот на Владата на Р. Македонија и актуелниот министер за финансии, Зоран Ставрески, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и пратеникот од ИЕ 4 Мирјана Хаџиевска, ги дадоа своите идеи за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ 2016-2020 година на трибината “На Македонија и треба твојата идеа“.

Општинската сала беше преполна за да ги прими сите жители на оваа пелагониска општина кои сакаа да бидат слушнати од челниците на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.

Вицепремиерот Ставревски ги акцентираше проектите што ги реализира Владата на ВМРО-ДПМНЕ и успесите што ги постигна во изминатите години.

„Изградивме патишта, водоводи, училишта, спортски објекти, ги помагаме земјоделците со субвенции, ја намаливме невработеноста со нови фабрики, ги зголемивме пензиите. Со нови идеи, проекти и со исто темпо продолжуваме понатаму. ВМРО е секогаш тука да ги слушне идеите и потребите на граѓаните.Граѓаните, се движечка сила на ВМРО ДПМНЕ. Заедно работиме на изборната програма за периодот 2016- 2020 година во која ќе предвидиме проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на сите и со која ќе извојуваме уште една победа во април.“ рече вицепремиерот Зоран Ставревски.

ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува праксата заедно и непосредно со сите граѓани да ја пишува новата изборна програма.

„На денешната трибина разменивме мислења со граѓаните за Изборната програма на ВМРО ДПМНЕ 2016-2020 година, бидејќи оваа партија работи на овој начин, директно сака да ги слушне идеите и потребите на граѓаните затоа што силата  ја добива од народот , оваа партија работи на проекти,  мерки, реформи  и активности, за народот и граѓаните. “рече Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

 

Присутните имаа можност да ги дадат своите идеи на поставениот штанд пред општина Новаци.На трибината во Новаци, можеа да се чујат повеќе идеи за инфраструктурни , комунални и други зафати.

 

„ Сакам да упатам голема благодарност до Владата и вицепремиерот за реализацијата на ветениот проект реконструкција на патот Новаци –Клепач кој беше ветен пред 2 години а пред 1 месец ветеното е реализирано. Прашав дали постои можност да се реши проблемот околу автобускиот превоз на меѓуградската линија кој ги поврзува селата од општина Новаци. “ рече Вецко Марковски, жител на Долно Агларци.

 

„ Сакам да искажам голема благодарност до Владата на РМ  за целосната поддршка и помош која ни беше дадена за време на поплавите  кои ја зафатија општина Новаци а беа од големи размери и предизвикаа големи штети врз земјоделсите посеви и индивидуалните објекти. Прашав како може да се решат проблемите кои ги имаат дел од земјоделците при реализација на проектите за користење на мерките од програмата за рурален развој. “ рече Пецо Ристевски,жител на с.Новаци.

 

ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 10 години практикува во центарот на политичкото дејствување да ја става довербата на граѓаните а тоа значи одлуките за сите важни прашања да ги носат тие, затоа што граѓаните најдобро ги знаат проблемите но најдобро ги знаат и решенијата.

ВМРО-ДПМНЕ има формирано тим од домашни и од странски стручни лица кои работат на предизборната програма и кои внимателно ќе ги анализираат прибраните идеи од граѓаните. Сите нови идеи на државно и на локално ниво ќе бидат разгледани, а партијата преку ваквите трибини низ сите населени места во државатапланира  до крајот на годинава да ја заокружи програмата на ВМРО-ДПМНЕ за периодот од 2016 до 2020 година.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php