«

»

Dec 18

Изграден е пешачки мост во с. Градешница, Мариово

mariovo

На барање на жителите на мариовското село Градешница изграден е пешачки мост со распон од 14 метри со средства од Буџетот на општина Новаци.

„ Заради олеснување на секојдневниот живот во мариовското село Градешница имавме барање од жителите да им се изгради нов пешачки мост. Ние тоа го направивме со средства од сопствениот буџет во износ од 1,5 милион денари. Имено станува збор за мост кој е наменет за пешаци и лесни возила со распон од 14 метри кој е поставен на челична решеткаста конструкција а потоа врз него е направена бетонска плоча за газење.  “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Во ова мариовско село за скоро ќе започне втората фаза од реконструкцијата на црквата Св.Димитрија која потекнува од 16 век а е под заштита на Управата за заштита на културно наследство на РМ. Средствата во износ од 38 000 евра се обезбедени од ИПА проектот „ Жива историја, жива природа 2“ за прекугранична соработка помеѓу Македонија-Грција .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php