«

»

Dec 14

Општините Новаци и Рокдејл се збратимија

12381129_10205206613149070_371508077_o

Потпишан е меморандум за соработка и збратимување помеѓу општина Новаци и општина Рокдејл, Сиднеј Австралија. На овој документ му претходеше неколку годишна соработка и контактирање помеѓу двете локални самоуправи. На свечениот чин покрај првите луѓе на општините присуствуваа околу 300 македонски иселеници и пратеникот во Собранието на РМ од дијаспората Васко Наумовски.

 

„ Општина Новаци со Рокдејл има веќе пет годишна соработка. Градоначалникот Бил Серавиновски е прогласен за почесен граѓанин на нашата општина а исто така и јас сум на Рокдејл. На збратимувањето му претходеше потпишување на меморандуми за соработка и разбирање. Овие Активности ги правиме со цел да ги зајакниме врските со нашите иселеници и промоција на општините и нивната работа.   “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

12389035_10205206614749110_136265256_o

Градоначалникот на Рокдејл, Благоја Бил Саравиновски е родум од пелагониското село Лажец и  е првиот австралиски градоначалник македонец. Општина Рекдејл ја предводи во седум  континуирани мандати, односно од 1983 година.Рокдејл има 100 000 жители од кои 10 000 се Македонци, а 42 % од популацијата е родена во други држави. Во оваа општина градоначалникот го избира Совет кој е составен од 15 члена.

Влатко Неделкоски од Македонското Хуманитарно Здружение „Св.Арханѓел Гаврил“ од градот Рокдејл од Австралија по препорака на градоначалникот Бил Саравиновски, оствари средба со градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. На состанокот се разговараше за досегашната меѓусебна соработка, возвратните посети и можностите за идни активности.

sobranie na zadrganicni komiteti

Во текот на посетата на Сиднеј, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски кој воедно е и главен координатор заедно со пратеникот Васко Наумовски остварија средба со сите Задгранични комитети од Австралија во рамките на консултативното собрание предводено од координаторот Предраг Ивановски. Темата на собирот подготовки, актривности и насоки за делување за претстојните парламентарни избори во 2016 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php