«

»

Dec 07

Реконструирана продавницата во с. Живојно, општина Новаци

066fa103-eef5-4f8c-8027-3ca520c7bd36

Завршена е темелната реконструкција на еден дел од продавницата во село Живојно и промена на кровот на постоечката продавница.

„ По барање на жителите на Живојно општината направи темелна реконструкција на една просторија од продавницата во ова село односно се сруши постоечката ѕидарија и се изградија нови ѕидови, се постави нов кров, се обложија со гипс картон, купени и монтирани се два нови прозорци и нова врата од PVC. Просторијата им е доделена на користење на месната заедница за состаноци, дружење на ѓителите и слично. На просторијата каде работи локалната продавница пак целосно и е сменет кровот. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Целиот реконструктивен зафат на двата објекти од продавницата во Живојно чинеа 1 милион денари кои се обезбедија од Буџетот на Општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php