«

»

Dec 07

Престојот во Австралија Котевски го продолжи со средби со иселениците во Перт и Аделаида

12301594_1186858331341949_3425654438988496244_n

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски престојот во Австралија го продолжи со средби со иселениците кои живеат во Перт и Аделаида.

Се сретна со првите луѓе од Задграничен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Перт, Западна Австралија, со  претставничката на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ – Билјана Милошеска и Стојан Милошевски од Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ – Австралија.

12316087_1186858278008621_5892754477567036913_n

„ Покрај посетата и средбите со претставници на работните тела на партијата остваривме средба и со сопственикот на фабриката за преработка на морска храна во Западна Австралија кој е по потекло од Македонија а кој од 1994 година инвестирал во РМ во хотелиерство, земјоделие, сточарство и производство на млечни производи. Добивме најави дека дел од овој производствен погон ќе се префрли во нашата држава“ рече Котевски.

Посетата продолжи со средби со иселениците во Јужна Австралија.

„ Се сретнав со претставници и на Задграничниот  Комитет ВМРО-ДПМНЕ Аделаида, Јужна Австралија кој е предводен од Трајан Кузманов и Предраг Ивановски а го посетивме и Соборниот Храм Раѓање на Пресвета Богородица во Аделаида, Јужна Австралија“ рече Котевски.

12342672_10205177233334593_4534673824403120073_n

До крајот на декември, Котевски треба да го посети Бризбејн, Канбера и Сиднеј

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php