«

»

Dec 04

Реновирана училница, изградено партерно уредување, чешма и јарбол во мариовско Рапеш

12240889_1178678848826564_5085954481479533762_o

Заради зголемениот број на дечиња во училиштето во мариовското село Рапеш, општина Новаци направи целосно реновирање на една од училниците со вкупна површина од 45 метри квадратни. Активноста е спроведена со цел децата да имаат подобри услови за престој, работа и учење. Училиштето во Рапеш е повторно активирано пред три години по 25 години пауза заради немање на деца на школска возраст.

„ На наша голема радост заради зголемен број на деца кои одат на училиште решивме да им ја реновираме најголемата училница во училиштето за да можат да децата при нивниот престој во училиштето да имаа  убави услови за учење. Исто така на барање на месното население направено е и ново партнерно уредување со клупи и маси, изградена е нова чешма а поставен е и јарбол со знаме.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

12248164_1178678445493271_5573907401607256701_o

Реновирањето на училницата, партерното уредување, чешмата и јарболот ја чинеше околу 1 милион денари, средства кои се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php