«

»

Dec 04

Градоначалникот Котевски продолжува со работната посета на Австралија

 

12304119_1185218514839264_3732153583949829413_o

Пред голем број наши иселеници од Мелбурн и околните места на јавна трибина „Дијаспората спремна за 24 април 2016 “ градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, пратеникот од дијаспората Васко Наумовски , претседателот на ЗК ВМРО ДПМНЕ Џими Котевски и претседателот УМС на ВМРО ДПМНЕ Сашо Наумовски одговараа на сите прашања и ги сослушаа идеите на присутните.

„ На оваа трибина се сретнавме со македонската заедница од Викторија и пред сите присутни им ја пресликавме македонската политичката сцена во моментот . Исто така како дел од иницијативата на нашата Влада им кажавме на нашите иселеници дека и тие се дел од нашата држава иако не живеат во Македонија и дека сакаме да ги слушнеме и нивните идеи и предлози. “ рече градоначалникот Котевски.

Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Австралија на градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски и пратеникот Васко Наумвоски  им врачи признание „ Судбината е во наши раце“.

12308107_1185218764839239_5309237203231372205_o

Организаторите на оваа јавна трибина која се одржа во Шелдон по трет пат им имаа подготвено големо изненадување на присутните затоа што беа дочекани од „Македонската фаланга“.

12348361_10205161213094097_1130698258_n

Последниот ден од престојот во Мелбурн градоначалникот Котевски го искористи да се сретне со иселениците кои живеат во населените места со помал број Македонци , ја посети и општина Џелонг, Викторија.

Престојот во Австралија го продолжува со дводневна посета на Перт, а потоа Аделаида, Брисбејн, Канбера и Сиднеј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php