«

»

Dec 03

Ден на дрвото во општина Новаци, засадени 300 аризонски чемпреси

12309892_1185294331498349_832666483889472584_o

Како и секоја година така и оваа и општина Новаци се вклучи во акцијата за пошумување „ Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.

Работната акција започна во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ каде раководството на училиштето и учениците засадуваа во училишниот двор.

Годинава пошумувањето во општина Новаци се реализираше кај каналот во Долно Агларци при што се посадија 300 садници аризонски чепрес . Во акцијата беа вклучени администрацијата, младите , невладиниот сектор, комуналното претпријатие и унија на жени.

„Општина Новаци како и секоја година така и оваа есен се вклучи масовно во засадување на дрвја особено затоа што нас тоа ние навистина потребно со оглед на тоа што РЕК и рудникот се наоѓаат на само неколку километри од Новаци и загадувањето е најприсутно овде. Акцијата започна во училиштето а потоа продолжи покрај каналот во Долно Агларци “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Оваа година  акцијата „Ден на дрвото“ се организира по 15 ти пат во при што се засадија вкупно 1500 чемпреси.

Сонот за пошумена Македонија преку засадување на иднината се појави во август 2007 година, кога амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов,  поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини. Незаборавна е изјавата на уметникот дека „Не сме само ние жители на Планетета, и шумите се жители како и ние“.Сите акции се безрезервно поддржани од Владата на Република Македонија со сите надлежни министерства, Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС) со општините, и ЈП „Македонски шуми“.

Во 2008 година беа засадени 2560 хектари,  2009 година нови 3.915 хектари,  2010 година 2017 хектари, и во 2011 година на пролетната акција беа засадени 744 хектари. Дополнително преку редовната програма за Проширена репродукција на шумите во периодот од крајот на 2006 до 2010 година беа  засадени вкупно 3000 хектари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php