«

»

Dec 02

Трибина за борбата од сидата по повод 1 декември

DSC_0688

По повод 1 декември Светскиот ден за борба против сидата, УМС на ВМРО -ДПМНЕ одржа трибина на оваа тема во просториите на салата на општина Новаци. Целта на трибината е младите навремено да се информираат со болеста, како истата се пренесувава, превенција и заштита.

Годинава 28 Македонци  се заразиле со ХИВ инфекција. Податоци покажуваат дека во 2015 има тренд на опаѓање на инфицираните во споредба со 2014 кога бројот на заразени беше 45. На ниво на држава има 178 ХИВ / СИДА позитивни лица.

Кај најголем број од заразените инфекцијата е пренесена по хетеросексуален пат. Според податоците, последните години има драстично зголемување на добивањето на ХИВ по пат на МСМ односно маж со маж. Кај десетина лица е регистрирано пренесување од мајка на плод. Најмногу од инфицираните се од Скопје по кој следуваат Тетово, Куманово, Прилеп, Охрид и Кичево.

Според возраста најбројни се во старосната група од 20 до 39 години. Во евиденцијата има и неколкумина постари од 60 години. .

Во советовалиштето што функционира во рамките на Центарот за јавно здравје се врши анонимно тестирање за ХИВ СИДА. До сегашните искуства кажуваат дека на вакви  тестирања повеќе се подлагаат лица од машки пол или 99% , а женските лица само 1%. Ова говори дека на терен уште постојат предрасуди и недоволна информираност за ХИВ СИДАТА и последиците од неа .

Светската здравствена организација проценува дека над 38 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ или СИДА. Половината од новите случаи се млади луѓе од 15-24 години. Во некои делови на светот, стапката на инфекцијата со ХИВ и СИДА рапидно расте и СИДА-та преставува главна причина за смртност.

Светската здравствена организација повикува на повеќе тестирања за луѓето да знаат за нивниот ХИВ статус и почнување со терапија за оние кои се ХИВ позитивни. Се вели дека соодветен третман може да спречи смрт на 21 милиони луѓе кои се заразени со СИДА и да спречи 28 милиони нови инфекции до 2030-та година.

Светскиот ден против СИДА-та (World AIDS Day) е осмислен и прифатен од 140 земји во светот на Светскиот Самит во Лондон во 1988 година. Истата година, Светската Здравствена Организација (СЗО) ја согледа потребата за постоење на еден ваков ден и го прогласи 1-ви декември како Светски ден за сидата – “World AIDS Day”. Од тогаш па сè до денес, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА-та, се одбележува во скоро сите држави во светот.

Црвената лента (AIDS Awareness Ribbon – Red Ribbon) на солидарност е лента која покажува дека лицето кое ја носи е свесно за проблемите врзани со ХИВ/СИДА-та, дека се солидаризира со борбата против оваа болест и дека им оддава почит на лицата кои и подлегнале на оваа болест или кои сеуште се борат за својот живот. Црвената боја на лентата е избрана за да ја симболизира крвта, страста и љубовта.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php