«

»

Dec 01

Градоначалникот Котевски оствари средба со првите луѓе на општина Данденонг, Мелбурн

12301719_571295899689561_179223217314416156_n

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски веќе една недела е во Австралија во посета на нашите иселеници кои потекнуваат од овие краеви. Покрај посетата на општина Вителси, Котевски оствари средба со градоначалникот на општина Данденонг, западен Мелбурн, Хенг Танк и советниците Џим Мемети и Роуз Блејдс.

„ Ја посетивме и општина Данденонг од Мелбурн, градоначалникот и двајца од советниците во Советот на оваа општина. Џим Мемети кој сега е советник беше градоначалник и со него веќе имавме воспоставено одлична соработка. Неговата општина ме имаше прогласено за почесен граѓанин а кога тој беше во посета на општина Новаци јас го направив истото. Мојата сегашна посета на оваа општина е всушност само продолжение на одличната соработка и воспоставување контакти со новиот градоначалник.“  рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

12307475_993235924052996_4220403928278657725_o

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски во рамките на работната посета на Мелбур гостуваше на најслушаното радио во Мелбурн 3ZZZ каде одговараше на опширните прашања на уредникот и водител Ицо Најдовски Перин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php