Monthly Archive: December 2015

Dec 31

Новогодишната претстава на Културно иновативниот клуб Новаци

Дечињата кои членуваат во ултурно иновативниот клуб Ноавци од Новаци синоќа одржаа Новогодишна аматерска претстава . Салата беше претесна за да ги собере сите љубопитни дечиња и нивните родители зафатени од предновогодишната еуфорија.

Dec 29

Оглас за ангажман на водичи за тури

Почитувани, општина Новаци во рамките на проектот “Жива историја, Жива природа 2”, грант број IPA 2010/DN 023657/CN 357019 и бр. 03-60/3, објавува оглас за ангажман на 6 водичи за тури во општина Новациза промоција на природните и историски патеки. Огласот можете да го најдете ТУКА.

Dec 29

Градоначалникот Котевски денеска им подели новогодишни пакетчиња на дечињата во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци

Како и секоја година така и оваа ,општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски обезбедија новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои посетуваат настава во централното и осумте подрачни училишта „Славко Лумбарковски“ Новаци.

Dec 29

Заврши проектот „Растеме и учиме заедно 2“ во центрите во Живојно, Добромири, Гермијан , Далбеговци и Агларци

Со приредба за Нова година и Божик беше означен крајот на шестмесечниот проект на општина Новаци со кој беа отворени пет центри за ран детски развој во Живојно,Агларци, Далбеговци, Добромири и Гермијан. Со овој проект времено беа ангажирани пет едукатори и еден дефектолог . Ова е трет пат како општина Новаци реализира проект од програмата …

Continue reading »

Dec 25

Работилница: Климатските промени и нивното значење за општина Новаци

Во рамките на проектот „Стоп за поплавите“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива а е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, денес се одржа предавање на тема „Чиста околина“ во салата на општина Новаци.

Dec 25

Новогодишна претстава во Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци

Со приредба за Нова година и Божик денеска беше означен стартот на Новогодишните и Божиќните празнувања за дечињата од Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци.

Dec 24

Општина Новаци го донесе Буџетот за 2016 година

На 44 тата седница на Советот на Општина Новаци беше донесен најважниот документ за финансиското работење на локалната самоуправа. Покрај Буџетот советниците донесоа одлука за извршување на буџетот за 2016 година, oдлука за давање согласност на  доставени извештаи на искористени средства за 2014 година на Здруженија на граѓани, спортски, технички и научни друштва, наменски дотации …

Continue reading »

Dec 23

Трибината “На Македонија и треба твојата идеа“ во Новаци

Граѓаните на општина Новаци пред Потпретседателот на Владата на Р. Македонија и актуелниот министер за финансии, Зоран Ставрески, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и пратеникот од ИЕ 4 Мирјана Хаџиевска, ги дадоа своите идеи за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ 2016-2020 година на трибината “На Македонија и треба …

Continue reading »

Dec 18

Изграден е пешачки мост во с. Градешница, Мариово

На барање на жителите на мариовското село Градешница изграден е пешачки мост со распон од 14 метри со средства од Буџетот на општина Новаци.

Dec 15

Модна работилница во Новаци

ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци беше домаќин на едукативна работилница за изработка на ракотворби со дечињата од ова училиште во рамките на предметот „Вештини за живеење“. Во текот на двочасовната едукација се изработуваа накит, обетки, украси, ѓердани, брошеви, шарпи, шалови,капи, чанти, колани и други модни додатоци и употребни предмети.

Older posts «

css.php