«

»

Nov 30

Градоначалникот Котевски во посета на иселениците во Мелбурн Австралија

11231155_894672590617834_7126252912896016808_o

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски е во работна посета на нашите иселеници во  Австралија. Во првите денови од неговиот едномесечен престој оствари средба во градоначалникот на општина Вителски, северен Мелбурн, Стив Козмевски кој по потекло е од битолскиот крај.

„ По седум осум години еве повторно сум во посета на нашите иселеници во далечната Австралија. Во овие неколку денови колку што сум во Мелбурн остварив средба со мојот колегa Стив Козмевски кој по потекло е од битолскиот крај a e градоначалник на општина Вителски, северен Мелбурн. Разговаравме за понатамошно поврзување на нашите две општини, идна соработка а секако и поканивме многу бизнисмени да дојдат во Македонија. Исто така бев на свечена неделна литургија со нашите иселеници во соборниот храм на Мајката Божја Раѓањето на Пресвета Богородица во Мелбурн. Оставрив средба со УМС на ВМРО ДПМНЕ Мелбурн. Исто така се сретнав и со генералниот конзул на РМ во Австралија,  Бети Коруновска. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

12312368_10205145956232685_189399059_n

Градоначалникот Котевски им додели благодарници на сите оние кои донираа средства за поплавите кои ја зафатија општина Новаци во февруари годинава.

Градоначалникот Котевски останува во Австралија до крајот на месец декември при што покрај Мелбурн ќе ги посети иселениците од Сиднеј, Канбера, Аделаида, Бризбејн и  Перт.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php