«

»

Nov 20

Општина Новаци се поинтересна како филмска дестинација

12270433_919810868100762_872777621_n

Расте заинтересираноста на филмаџиите за снимање филмови на територијата на општина Новаци. Деновиве е во тек филмскиот сет кој е поставен во селото Мегленци, мариовско, за една многу интересна животна приказна на едно албанско семејство.

„ Општина Новаци изобилува со  богато културно историско наследство, изобилува, има 41 населено место, над 90 цркви и манастири и многу интересна карактеристична архитектура особено во мариовскиот дел. Оттаму се поголема е заинтересираноста на филмските работници да снимаат токму на овие простори. Денес се наоѓаме на сетот на филм кој е интересна животна приказна на едно албанско семејство иселено во Италија. Се надевам дека ќе има уште поголем интерес за снимање на филмови и серии на наша територија и ние како општина ќе направиме се што е во наша моќ тоа да го поддржиме и да им обезбедиме услови за работа.  “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

12272624_919810588100790_1841923668_n

Филмот кој се снима во Мегленци е драма во својот жанр, приказна за едно албанско семејство ( татко и син) кое живее во Италија. Синот прави злосторство за кое треба да одговаа а таткото доброволно се пријавува како сторител на дејствието заради што одлежува затворска казна. По излегувањето на слобода таткото затекнува една поинаква ситуација од онаа која што ја оставил пред неговото затворање – синот е политичар кој се што спечалил татко му испустил. Таткото решава да ја напушти Италија и да се врати во родната грутка во своето албанско село , но во семејната куќа затекнува дивонаселено семејство –мајка и две ќерки кои нашле засолниште бегајќи од своето семејство заради опасност од крвна одмазда.

Филмот е од македонско-италијанска-француска-албанска компродукција.

Ова не е прв пат во општина Новаци да се снима филмски сет. Пред неколку години познатот македонски режисер Милчо Манчевски на мостот во Зовиќ снимаше сцена за филмот „Прашина“ додека во с.Рапеш се снимаше добар дел од познатата туркса серија „Збогум Румелија “ која се емитува на ТВ Сител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php