«

»

Nov 20

Донација играчки од УМС на ВМРО ДПМНЕ Новаци

12000134_919811404767375_43192049_n

Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Новаци денеска ги израдува најмалите жители на оваа општина со донација од играчки во Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци.

„ Во овој центар за ран детски развој имаме една константна бројка на дечиња кои се едуцираат и морам да забележам дека од година во година интересот е се поголем. Токму затоа ние постајано ги поддржуваме и вложуваме во нашата иднина, нели на младите светот останува. Токму затоа и Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ реши да донира играчки за дечињата кои го посетуваат Центарот Бамби во Новаци. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

УМС на ВМРО ДПМНЕ Новаци најави слични вакви активности во иднина како и организирање на настани за поголема афирмација на младите. Минатиот викенд организираше турнир во пинг понг во новата спортска сала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php