«

»

Nov 19

Започна проектот за префрлање на цевководот на ХЗ Стрежево преку р. Црна во општина Новаци

DSCN7394

Започна проектот за префрлање на цевководот на Хидросистемот Стрежево преку река Црна во општина Новаци. Со изградбата на овој цевковод ќе се овозможи наводнување на 2000 ха земјоделска површина. Проектот ќе се одвива во неколку фази. Деновиве започна акција на поставување на цевки за цевководот кој ќе зема вода од суводолската акумулација кај РЕК Битола. Со тоа ќе се овозможи наводнување на 600 ха површина, што е од големо значење за земјоделците, изјави Лазар Котевски – градоначалник наОпштина Новаци.

„ Со ова ќе се оствари долгочекуваниот сон на земјоделците да може да ги наводнуваат своите ниви од овој систем. Бенефитите од изградбата на цевководот со кој ХС Стрежево се префрлува преку р.Црна во Новачко поле земјоделците допрва ќе ги почувствуваат. Ќе биде решен за нив еден голем проблем , недостигот на вода, со што ќе може да произведат повеќе и со подобар квалитет, а ќе може да размислуваат и за одгледување на други култури кои до сега немаа можност да ги одгледуваат.“ рече Котевски.

Земјоделците од новиот цевковод очекуваат голем бенефит за пелагониското земјоделие.

„Сонот на земјоделците денес станува стварност. Ние 30 години чекавме ваква инвестиција за да престанеме да гледаме во небото да видиме дали ќе врни“ , рече Вељо Тантаров претседател на сојузот на земјоделци на Македонија.

ЈП Стрежево  е вклучено во  трите фази од реализацијата на овој проект: проектирањето, изведба и одржување на системот. Според планираната динамика на изведбените работи системот ќе треба да биде готов до 2018 година , рече  Марјан Героски – директор на ЈП Стрежево.

Во првата фаза со јужниот крак од цевководот е предвидено да бидат опфатени околу 600 хектари, додека со северниот крак опфатот на целата површина за наводнување треба да биде заокружен на околу 2.000 хектари.Целиот проект за цевководот треба да биде завршен до 2018 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php