«

»

Nov 16

Прв турнир во пинг понг во организација на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ на општина Новаци

DSC_8964

Во  новата спортска сала во Новаци се одржа турнир во пинг понг во организација на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ на општина Новаци. Ова е прв ваков турнир а организаторите ќе се трудат истиот да премине во традиција.

„Ова  е прв спортски турнир во пинг понг кој се организира во Новаци и тоа во новата спротска сала која на младите им нуди можност за организирање на вакви и слични настани затоа што има повеќе намени. Се радувам што наиде на голем интерес кај младите и се надевам дека и понатаму ќе се организираат вакви спортски настани за да се збогати спортскиот живот во општина Новаци.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Прво место на турнирот освои Пеце Ристевски, второто место Борче Раденковиќ а третото место го освои Николче Симоновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php