«

»

Nov 10

Општина Новаци успешно реализираше проект од програмата Еразмус плус за мобилност на младите

DSC_8320

Тринаесетте учесници во проектот за „Унапредување на вештините и способностите на младите од планинските и руралните области“ во рамките на програмата Еразмус плус, кои беа на 10 дневно студиско патување во Италија му се заблагодарија на градоначалникот Котевски за реализацијата на проектот.

Општина Новаци во соработка со општините Маглиано Алпи, Фрабоса Сотана и Фрабоса Сопрана од Италија и општина Куенка од Шпанија беше дел од проектот за Мобилност на млади луѓе „ Youth 4 L@B project” од Еразмус плус програмата. Со имплементација на проектот , 13 млади лица од Општина Новаци , на возраст од 18 до 25 години беа на студиско патување во Италија во периодот 30.10 – 8.11. 2015 година.Секој ден им беше исполнет со работилници и се надевам дека тоа што го видоа и научија ќе им послужи во понатамошниот живот . “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Паралелно со промотивната кампања за Еразмус плус програмата на  Националната агенција за европски образовни програми и мобилност , општина Новаци може да се пофали со успешна реализација на проект од овој тип.

„ За време на десетте дена во Италија младите луѓе од Новаци се запознаа со млади луѓе на иста возраст од три италијански општини и една општина од Шпанија. Сите заедно имаа можност да посетуваат работилници посветени на занимањата и вештините карактеристични за планински и рурални области како на пример работилница за одгледување и преработка на лешници, правење сирење, готвење, обработка на камен и мермер, производство на органски мед и слично. “  рече Катерина Чукалевска, проектен координатор – Општина Новаци.

Младите луѓе од Новаци имаат можност на своите врсници од Италија и Шпанија да им ја претстават својата земја и општина, традиционалните јадења, носии и музика.

Програма, „Еразмус плус 2014-2020“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Програмата претставува комбинација од 7 европски образовни програми, програми за обука и млади, и за прв пат во својата структура го додава спортот. Приоритет на оваа програма е создавање на квлификувани кадри кои ќе може да одговорат на современото стопанство.

За реализација на „Еразмус програмата“ европската комисија има издвоено 4,7 милиони евра. Со оваа програма може да искористат 7 европски образовни програми со кои  заинтересираните може да си ги подобрат своите  вештини според потребите од секторот од кој доаѓаат.Над 4 милиони европјани  учат, стекнуваат искуство и волонтираат во странство користејќи ги програмите од Еразмус програмата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php