«

»

Nov 04

Почна реконструкцијата на патниот правец Новаци – Клепач

12186596_1087695244587706_4363219801300533459_o

Започнаа активнoстите околу реконструкцијата на патниот правец Новаци –Клепач, кој ги поврзува општините Новаци и Могила , а кој за време на поплавите се користеше како алтернативен пат, бидејќи патниот правец Битола Новаци не функционираше.Со инвестицијата вредна 1,15 милионии евра ќе се обноват 19,3 км делница која е од витално значење за двете општини. Се очекува реконструкцијата да трае една година, информираше  Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на самиот почеток од градежните активности  во с. Добромири.

„За една година целосно ќе го рехабилитираме овој патен правец. Но, освен овој пат , во овој месец ќе започнеме со реконструкција  на уште пет нов регионални  патни правци во должина поголема од 50 км за што ќе бидат инвестирани над 10 милиони евра, истакна министерот Мисајловски.“

Во моментов  се градат 155 км автопатски делници, а досега се изградени 700 километри локални патишта. И во текот на идниот период ќе се  продолжи со рехабилитација на регионални патни правци информираше Мисајловски.

Само во општина Новаци досега се асфалтирани 40 км локални патишта,а само оваа година нови 20 км, информираше Лазар Котевски , градоначалник на општина Новаци.

„Реконструкцијата на регионалниот патен  правец Новаци  – Клепач значително ќе го олесни животот на населението од овој регион затоа што поврзува повеќе села и истиот го користат околу 3000 граѓани.Реконструкцијата се чекаше околу 20 години и сом неа ќе се овозможи полесна комуникација и движењет кон општините Новаци, Битола и Прилеп “ рече градоначалникот Котевски.

Министерот Мисајловски ја нагласи одличната соработка со градоначалниците на Новаци и Могила  околу чистењето на корито на р. Црна  за кое Владата обезбеди 300 тони нафта. Овој пример треба да го следат и останатите општини рече тој.

Асфалтирање на патниот правец Добромири-Г.Aгларци-Д.Агларци-Далбеговци-Дедебалци-Добрушево-Ношпал- Клепач во должина од 19км се реализира преку проектот на Владата на Р.Македонија и Министерството за транспорт и врски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php