Monthly Archive: November 2015

Nov 30

Градоначалникот Котевски во посета на иселениците во Мелбурн Австралија

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски е во работна посета на нашите иселеници во  Австралија. Во првите денови од неговиот едномесечен престој оствари средба во градоначалникот на општина Вителски, северен Мелбурн, Стив Козмевски кој по потекло е од битолскиот крај.

Nov 25

Општина Новаци донесе одлука парично да ги помага студентите со висок просек

Oпштина Новаци доделува еднократна парична помош за талентирани студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија и кои пред се, се жители на општината. Оваа одлука ја донесе Советот на последната 43-та седница која се одржа во понеделникот.

Nov 23

Советот на општина Новаци го донесе предлог буџетот за 2016 година

Советот на општина Новаци на денешната 43-та седница го донесе најважниот финансиски документ за работењето на една општина а  тоа е буџетот за наредната фискална 2016 година. Предлог буџетот на општина Новаци за следната година изнесува 276 885 135,00 денари.  Исто така ја разгледа и усвои предлог одлуката за извршување на буџетот на општина Новаци …

Continue reading »

Nov 20

Општина Новаци се поинтересна како филмска дестинација

Расте заинтересираноста на филмаџиите за снимање филмови на територијата на општина Новаци. Деновиве е во тек филмскиот сет кој е поставен во селото Мегленци, мариовско, за една многу интересна животна приказна на едно албанско семејство.

Nov 20

Донација играчки од УМС на ВМРО ДПМНЕ Новаци

Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Новаци денеска ги израдува најмалите жители на оваа општина со донација од играчки во Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци.

Nov 20

Општина Новаци наскоро ќе го пушти деловниот објект во центарот на Новаци

Општина Новаци го заврши реконструктивниот зафат на деловниот објект кој се наоѓа во центарот на Новаци. Истиот заради нерешени имотно правни односи беше оставен да пропаѓа и претставуваше грда слика за сите кои доаѓаат во оваа општина.

Nov 19

Започна проектот за префрлање на цевководот на ХЗ Стрежево преку р. Црна во општина Новаци

Започна проектот за префрлање на цевководот на Хидросистемот Стрежево преку река Црна во општина Новаци. Со изградбата на овој цевковод ќе се овозможи наводнување на 2000 ха земјоделска површина. Проектот ќе се одвива во неколку фази. Деновиве започна акција на поставување на цевки за цевководот кој ќе зема вода од суводолската акумулација кај РЕК Битола. …

Continue reading »

Nov 18

Одлука за парична помош на студенти

Почитувани, општина Новаци доделува еднократна парична помош за талентирани студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија и се жители на општината. Одлуката може да ја надете ТУКА.  

Nov 17

Соопштение

На ден 23.11.2015 со почеток во 12:00 часот во малата сала на општина Новаци се организира јавна презентација и јавна анкета по Архитектонско – Урбанистички проект за формирање на градежна парцела (1.1) на дел од КП 1041/1 КО Новаци. Соопштението можете да го најдете ТУКА.

Nov 16

Прв турнир во пинг понг во организација на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ на општина Новаци

Во  новата спортска сала во Новаци се одржа турнир во пинг понг во организација на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ на општина Новаци. Ова е прв ваков турнир а организаторите ќе се трудат истиот да премине во традиција.

Older posts «

css.php