«

»

Oct 30

Регионални денови на културата во Општина Новаци

12185503_1086153234741907_3951842275666148539_o

Општина Новаци е дел од проектот „Регионални денови на културата во Пелагонија“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го спроведува во соработка со регионот Долна Нормандија и АЛДА.

Општина Новаци е вклучена со концерт на традиционални македонски танци и орка на двете културно уметнички друштва Илинден и Новаци.

„ Општина Новаци како и сите девет општини во планскиот регион е дел од проектот за културата кој се реазлизира помеѓу ЦРППР и Долна Нормандија. Во другите оппштини имаше театарски претстави, изложба, а кај нас културно уметничка програма. Ваквите настани наидуваат на добар одѕив кај локалното население и секогаш се добро посетени. Ние како општина и понатаму ќе ги поддржуваме ваквите и слични проекти и ќе се трудиме да ги организираме со цел да го збогатиме културно уметничкиот живот во општина Новаци. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Концертот се одржа во салата во Општина Новаци.

Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php