«

»

Oct 29

Продолжува изградбата на канали за атмосферска вода во селата Бач, Гермијан , Горно Агларци и Далбеговци

12118741_1080084342015463_6482009476581600210_n

Во тек се градежните работи околу изградба на канали за атмосферска вода во селата Бач, Гермијан, Горно , Долно Агларци и Далбеговци. Вкупната должина на каналската мрежа која е предмет на изградба во сите 4 села изнесува околу  метри 2000 метри.

„ Атмосферска канализација во с.Гермијан изнесува 210 метри а во с. Бач 240 метри. Тендерот за изградба го има добиено Скипи Дооел а вредноста изнесува 1. 030. 404 денари. За дел од атмосферска канализација во с. Горно Агларци за крак 1 со должина од 320 метри и Долно Агларци со должина од 350 метри склучен е договор со Мак Строј на вредност од 1.366.488 денари. За дел од атмосферска канализација во с. Далбеговци за крак 0 со должина од 550 метри избран е изведувачот Мак Строј Битола со вредност 1,373,945 денари.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Општина Новаци редовно вложува средства од својот буџет за доизградба и уредување како и чистење на каналската мрежа на нејзина територија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php