«

»

Oct 28

Градоначалникот Котевски на заеднички консултативен комитет помеѓу ЕУ и Република Македонија

12188307_910476059034243_1230028965_n

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска е на дванаесеттиот по ред состанок на заедничкиот консултативен состанок помеѓу Европска Унија и Република Македонија во Инекс Горица во Охрид. Претседавачи на комитетот се градоначалникот на општина Аеродром ивица Конески и Жан Франсоа Истасе.

По усвојувањето на дневниот ред и записникот од претходниот состанок , воведни обраќања имаа министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, копретседавачот на ЗКК  Жан Франсоа Истасе, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на град Скопје Коце Трајановски, и градоначалниците на општините Охрид и Аеродром Никола Бакрачевски и Ивица Коневски.

 

„ Денешната средба започнува со разгледување на состојбата со проширувањето на Еу и вклученоста на локалните власти во тој процес. Сите присутни имавме можност да размениме различни мислења и ставови по однос на ова прашање. Втората сесија продолжува со дискусијата околу пренесувањето на  надлежности на локално ниво и фискалната децентрализација – искуства од ЕУ и надградување во децентрализацијата и процесот на фискална децентрализација во Република Македонија
По работниот дел сите пруситни на состанокот на ЗКК помеѓу ЕУ и РМ  плaнирана е факултативна програма – Претставување на културно-историското богатсво на Охрид со можност за прошетка со брод по Охридско Езеро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php