«

»

Oct 26

Советот на општина Новаци ја одржа 41-вата седница

DSC_4431

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 41 вата седница на која се разгледуваа околу десеттина тоќки на дневен ред.

Седницата акко и секогаш започна со усвојување на записникот од претходната 40-тата седница а продолжи со усвојување на тромесечниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Новаци за 01.01.2015 – 31.09.2015 година.

Се донесе одлука за целосно и трајно отстапување на училишна спортска сала на во с.Новаци на управување и користење на ЦОУ,, Славко Лумбарковски,,-Новаци (на КП бр.1537/11 КО Новаци), предлог – одлука за неспроведување на стратегиска оцена (Проект за инфраструктура за регулација на корито на река Коњарка и изградба на кеј, пешачка патека и паркинг простор на КП 486,487,480/1,480/2,481/2,476 и 167 КО Скочивир) и предлог – одлука за спроведување на стратегиска оцена (ЛУПД за изградба на Ловен дом со пропратни содржини на дел од КП 1732, дел од КП 1750 и КП 2109).

Советниците разгледаа и одобрија неколку барања и тоа: од Здружение на глуви и наглуви лица лица Битола и Демир Хисар-Битола за одобрување на средства за автобуски превоз, од црковниот одбор Св.Атанасиј с.Новаци (6 м3 огревно дрво), од црковниот одбор Св.Атанасиј с.Новаци (20-25 вреќи цемент), од ОУ ,,Славко Лумбарковски,, Новаци за одобрување на финансиски средства за набавка на спротски реквизити и барање за одобрување на финансиски средства од Здружение на земјоделска техника на Република Македонија за организирање на Државен тракторски натпревар ,,Карбинци 2015.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php