«

»

Oct 26

Општина Новаци со италијански и шпански партнери ќе ги зајакнува капацитетите и вештините на младите

Logo za proekto

Општина Новаци во соработка со општините Маглиано Алпи, Фрабоса Сотана и Фрабоса Сопрана од Италија и општина Куенка од Шпанија ќе ги зајакнува вештините и капацитетите на младите луѓе од планинските и руралните области преку проектот за Мобилност на млади луѓе „ Youth 4 L@B project”.

Преку имплементација на проектот кој веќе е започнат 13 млади лица од Општина Новаци , на возраст од 18 до 25 години ќе одат на студиско патување во Италија во периодот 30.10 – 8.11. 2015 година.

„ Општина Новаци има имплементирано неколку европски проекти но ова е прв пат да имплементираме проект од Еразмус Плус програмата. Добивме покана за партнерство од италијанската општина Маглиано Алпи која со задоволство ја прифативме. На крајот на оваа недела 13 лица од нашата општина ќе одат на студиско патување во Италија каде ќе имаат можност да ги прошират своите хоризонти, да разменат нови искуства, да научат нови работи . “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

За време на десетдневниот престој младите луѓе ќе присуствуваат на многу интересни работилници.

„ За време на десетте дена во Италија младите луѓе од Новаци ќе се запознаат со млади луѓе на иста возраст од три италијански општини и една општина од Шпанија. Сите заедно ќе имаат можност да посетуваат работилници посветени на занимањата и вештините карактеристични за планински и рурални области како на пример работилница за одгледување на лешници, правење сирење, готвење, обработка на камен и мермер, произвдоство на органски мед и слично.“  рече Катерина Чукалевска, проектен координатор – Општина Новаци.

Младите луѓе од Новаци ќе имаат можност на своите врсници од Италија и Шпанија да им ја претстават својата земја и општина, традиционалните јадења, носии и музика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php