«

»

Oct 16

„Валоризација на културното наследство од Прва светска војна на територијата на општина Новаци“

DSC_0486

На прес конференција градоначалникот Лазар Котевски, директорката на АЛДА Ивана Димитровска и Сашо Атанасовски од Пегаз Еду го најавија отпочнувањето на проектот за Валоризација на културното наследство од Прва светска војна на територијата на општина Новаци.

„ Станува збор за шест месечен проект со чија имплементација ќе се работи на истражување и визуелно претставување на културното наследство од Прва светска војна со кое изобилува територијата на општина Новаци. Нашата општина е и член на Управниот одбор на соработката Долна Нормандија-Македонија.Минатата година имавме посета од градоначалникот на општина Коломбел, Франција Марк Потје и Сабин Г.Лебаи од Регионот Долна Нормандија со кои заедно го разгледавме дел од теренот каде врвел т.н Солунски фронт. “ рече градоначалникот Лазар Котевски.

Во периодот на првата светска војна, на територијата на општина Новаци биле водена една од најзначајните битки: битката на Кајмакчалан. Таму се спротивставиле германска, бугарска, српска и француска војска.  Постојат многу податоци за историските настани во тоа време на територијата на Новаци.

„Оваа година се навршуваат 100 години од Прва светска војна па со овој проект сакаме да направиме еден вид промовирање на настаните од тој период. Општина Новаци е една од ретките општини која изобилува со наследство од тој период за кое многумина не ни знаат дека постои. Ова е само една фаза од понатамошната соработка на тој план.Минатата година имавме една студиска посета во Долна Нормандија каде на сите инволвирани во овие проекти сакавме да им покажеме како тие го користат своето наследство во функција на меморијален туризам и локален економски развој. “  рече Ивана Димитровска, АЛДА.

Целта на овој проект е : вреднување на културното наследство и промоција на историски настани од прва светска војна на територијата на Новаци како и можнмости за создавање и развој на меморијалниот туризам .

 

„Со проектот покрај истражување и визуелно претставување претставување предвидено е и чистење на теренот, изработка  на интерактивна карта, веб страна, 3 различни брошури, посатвување на знаци и информативни табли, , промоција и изложба на фотографии.   “ рече Сашо Атанасовски, Пегаз ЕДУ.

Територијата на Новаци е музеј на отворено и поседува големи можности за развој на меморијалниот туризам. Реализацијата на овој проект е еден чекор поблиску кон исполнување на главната цел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php