«

»

Oct 09

Советот на Општина Новаци ја одржа 40-тата седница

DSC_3328

Советот на Општина Новаци ја одржа 40-тата седница на која се најдоа на рагледување и гласање околу триесеттина точки на дневен ред.

Седницата започна како и секогаш со усвојување на записникот од претходната седница за што немаше никакви забелешки.

Потоа се донесоа 18 одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација за објекти во Новаци, Живојно,Бач, Рапеш, Градешница, Рибарци, Добромири и Гермијан.

Советниците донесоа и одлука за отпочнување на изработка на урбанистички план за населено место Новаци и предлог одлука за организација, делокруг и начин на извршување на задачите на општинската администрација во општина Новаци.

Советот на општина Новаци донесе одлука за имплементација на ИПА проектот за прекугранична соработка Македонија-Грција „Жива историја,жива природа 2“ , одлука за одобрување финансиски средства за фудбалскиот клуб Новаци за натпреварување во есенскиот дел од фудбалската сезона 2015 во третата македонска фудбалска лига, како и одлука за кофинансирање на проект „ Опремување на Младински културен центар во населено место Новаци “.

Советниците одобрија општина Новаци да има свое сопствено учество од Буџетот за изградба на атмосферска канализација во село Далбеговци крак 0 во износ од 1.305.153,00 денари.

Советот донесе предлог одлука за формирање на сили за заштита и спасување при општина Новаци.

Пред смаиот крај на седницата советниците го разгледаа и одобрија барањето на Здружението граѓани „ Трновчица-Будимирци“ за набавка на градежни материјали за реконструкција на трпезаријата во црквата Св.Никола во Будимирци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php