«

»

Oct 09

Започна да се реализира Проектот за проширување на системот за наводнување ,,Стрежево – Јужен крак”

3

Општина Новаци на специјално организиран состанок со жителите на Новаци и Добромири ги извести стотината присутни за активностите околу реализацијата на проектот за префрлање на хидросистемот за наводнување на Стрежево.

„Состанокот имаше информативен карактер со цел да се запознаат жителите на Новаци и Добромири за отпочнување со реализација на Проектот за проширување на системот за наводнување ,,Стрежево,,-Јужен крак“ а секако им се даде можност и да постават тековни прашања во врска со овој проект на општина Новаци. Во овој момент набавени се 600 м цевки Ф-600 и општина Новаци и ЈП Стрежево подготвени се за отпочнување со градежните работи и токму во овој период кога има најмалку посеви и би се направила најмала штета.  “ рече Лазар Котевски, градоначалник.

 

На Собирот беа присутни сколу 100-тина жители на с.Новаци и с.Добромири, членови на Советот на општина Новаци, вработени  во општинската администрација, пртставник од ЈП Стрежево – Шурбевски Пецо, а со состанокот претседаваше секретарот на општина Новаци Ангелевски Стевче .

 

„Присутните во кратки црти беа запознати со целите и значењето на Проектот за наводнување, проект кој можеби е еден од најзначајните и најголемите капитални проекти што ги реализира општина Новаци со помош на Владата на Република Македонија. Поднесен е предлог за експропријација за воспоставување на  службеност и општина Новаци апелира до сопствениците на земјиштето каде поминува водот за поголема толерантност и соработка при реализација на истиот. “ рече Анѓелевски Стевче, секретар на општина Новаци.

 

„ Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди непречено снабдување со техничка вода за наводнување на земјоделските површини од два извори односно од акумулацијата на РЕК Битола-Суводол и хидросистемот Стрежево. На овој начин би можело да се организира производство на култури кои што се помалку толерантни на недостиг од вода а многу подоходовни на единица површина. “ рече Стевче Стевановски, советник за економски развој .

 

Пред крајот на состанокот месното население имаше можност да постави прашања и да побара решавање на тековни проблеми и тоа :итно санирање на ,,легнатиот полицаец,, и прокопот на тротоартот на потегот во близина полициската станица во Новаци;поставување на детски крлешки кај игралиштето кај 10-тиот канал ,на улицата од раскрсницата на патот за Добромири-до постојката пред општинската зграда да се постави ,,легнат полицаец,, , патерно да се уреди паркот кај улицата од раскрсницата на патот за Добромири, изградба на атмосферска канализација на улицата од раскрсницата на патот за Добромири-до постојката пред општинската зграда, поставување на испусни вентили на водоводната мрежа каде има ,,слепи краци,, и проверка на водомерите, одредување локација и изградба на полска вага, определување имиња на улиците, довршување на тротоарите на делот од Р-1311 кој поминува низ Новаци, подобрување на автобускиот превоз и да се довршат детските паркови кај постојката на влезот од  Битола и позади полициската станица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php