Monthly Archive: October 2015

Oct 30

Регионални денови на културата во Општина Новаци

Општина Новаци е дел од проектот „Регионални денови на културата во Пелагонија“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го спроведува во соработка со регионот Долна Нормандија и АЛДА.

Oct 29

Продолжува изградбата на канали за атмосферска вода во селата Бач, Гермијан , Горно Агларци и Далбеговци

Во тек се градежните работи околу изградба на канали за атмосферска вода во селата Бач, Гермијан, Горно , Долно Агларци и Далбеговци. Вкупната должина на каналската мрежа која е предмет на изградба во сите 4 села изнесува околу  метри 2000 метри.

Oct 28

Градоначалникот Котевски на заеднички консултативен комитет помеѓу ЕУ и Република Македонија

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска е на дванаесеттиот по ред состанок на заедничкиот консултативен состанок помеѓу Европска Унија и Република Македонија во Инекс Горица во Охрид. Претседавачи на комитетот се градоначалникот на општина Аеродром ивица Конески и Жан Франсоа Истасе.

Oct 26

Општина Новаци со италијански и шпански партнери ќе ги зајакнува капацитетите и вештините на младите

Општина Новаци во соработка со општините Маглиано Алпи, Фрабоса Сотана и Фрабоса Сопрана од Италија и општина Куенка од Шпанија ќе ги зајакнува вештините и капацитетите на младите луѓе од планинските и руралните области преку проектот за Мобилност на млади луѓе „ Youth 4 L@B project”.

Oct 26

Советот на општина Новаци ја одржа 41-вата седница

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 41 вата седница на која се разгледуваа околу десеттина тоќки на дневен ред.

Oct 16

„Валоризација на културното наследство од Прва светска војна на територијата на општина Новаци“

На прес конференција градоначалникот Лазар Котевски, директорката на АЛДА Ивана Димитровска и Сашо Атанасовски од Пегаз Еду го најавија отпочнувањето на проектот за Валоризација на културното наследство од Прва светска војна на територијата на општина Новаци.

Oct 15

Новаци и Алмопија продолжуваат со проектот „Жива историја жива природа“

Градоначалниците на Општина Новаци и Општина Алмопиа, Лазар Котевски и Димитрис Бинос, потпишаа Договор за партнерство на почетниот состанок кој  се одржа во салата во Општина Новаци a со кој се означи почетокот на имплементацијата на продолжението на Проектот „ Жива историја, жива природа 2“.За реализација на проектот општина Новаци располага со буџет во износ …

Continue reading »

Oct 09

Советот на Општина Новаци ја одржа 40-тата седница

Советот на Општина Новаци ја одржа 40-тата седница на која се најдоа на рагледување и гласање околу триесеттина точки на дневен ред.

Oct 09

Започна да се реализира Проектот за проширување на системот за наводнување ,,Стрежево – Јужен крак”

Општина Новаци на специјално организиран состанок со жителите на Новаци и Добромири ги извести стотината присутни за активностите околу реализацијата на проектот за префрлање на хидросистемот за наводнување на Стрежево.

Oct 02

Градоначалникот Котевски во посета на збратимената општина Дуги Рат, Хрватска

Двочлена делегација  од општина Новаци предводена од градоначалникот Лазар Котевски и советникот Стевче Стевановски е во возвратна четиридневна посета на збратимената општина Дуги Рат ,Хрватска. Целта на посетата е продлабочување на соработката, размена на знаења и искуства и слично. Градоначалникот на неговиот хрватски колега Јерко Роглиќ му додели Благодарница за паричната донација за поплавите и …

Continue reading »

Older posts «

css.php