«

»

Sep 30

Активно се санираат заштитните насипи на река Црна

DSC_5297

Веќе десеттина дена тече акцијата за превентивно чистење на коритото на река Црна. Активно се работи на санирање на заштитните насипи на кои им се дава приоритет. Моментално се работи на санација на заштитните насипи и досега се затворени 8 насипи на и тоа на 2-ри, 9-ти, 5-ти , 10-ти и 7-ми канал. По затворањето на овие насипи ќе пристапиме кон чистење од вегетација на коритото на река Црна, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„Се спроведува планот за превентивно чистење на река Црна. Досега имаме затворено 8 прелази, денес ќе бидат затворени уште два во прилепскиот дел. После затворањето ќе се пристапи кон чистење на крупната вегетација од коритото на река Црна, гледате дека има многу дрва а нив ќе ги корниме не како досега со сечење затоа што тоа не е ефективно.Продолжуваме и понатаму интензивно затоа што не гази времето. Во Тополчани е веќе затворено но во тројкрсти, Новоселани и Чепигово се јавуваат уште два пропусти кои ќе бидат вметнати во акциониот план иако тие не се на река Црна туку на едно блато но при надоаѓање на многу високи води во река Црна по нив имаме повраток во тие канали и можат да предизвикаат проблеми. “  рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски,

Планирано е да бидат исчистени 30 километри од коритото на Црна Река, а ќе бидат санирани и пропустите на Елешка Река , рече меѓудругото градоначалникот Котевски.

„Прво се врши санација на разрушените насипи од поплавите во февруари оваа година. Вратени во првобитна состојба се 8 пропусти Некаде се носи квалитетен земјен глинен испитан материјал кој ќе обезбеди доволна стисливост и отпорност од удари од надојдената вода, се врши набивање и оформување на профилот, остануваат уште 4 на река Црна и сеуште не е вратен во првобитна состојба насипот кај село Тројкрсти во општина Прилеп и имаме еден дополнителен кој е многу важен а тоа е насипот кај с.Чепигово кај Блато.Деенс очекуваме да бидат затворени два насипи еден во општина Битола и еден во општина Могила. “ рече Благоја Бежановски, претставник на општина Новаци во координативното тело.

За шест дена треба да бидат санирани сите пропусти на насипите на река Црна поради чие рушење дојде до големи поплави на почетокот на годината.

Акцијата за чистење се одвива веќе десет дена и истата е клучна за Пелагонија да биде заштитена од евентуални нови поплави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php