«

»

Sep 23

Мото тура низ Мариово можност за авантуристички туризам

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Во рамките на месецот на авантурата денеска во општина Новаци се одржа Мото турата низ Мариово како една од многуте можности за развој на авантуристичкиот туризам.

„Мото турата низ Мариово е вториот настан со кој општина Новаци е вклучена во овој проект за развој на авантуристиќкиот туризам. Ова ене е прв пат Мариово да се промовира како интерена дестинација. Веќе неколку години наназад на овие предели се организираат мото тури, планинарски маршеви и џип турнеја.“ рече Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

„Откријте ја Пелагонија“ е мотото на месецот на авантура кој ќе се случува од 12 септември до 12 октомври оваа година во сите 9 општини на Пелагонија. Во рамките на овој проект се организираат различни активности како што се велосипедизам, параглајдинг, друмско возење, пешачење по планински патеки и слично. Општина Новаци во овој проект е вклучена со два настани : Планинарскиот марш до Кајмакчалан и Мото турата низ Мариово.

„Еве денеска се реализира мото турата низ Мариово. Маршрутата е следна: Општина Новаци – Маково –Рапеш – Брник – мост на река Црна – село Зовиќ – мост во Зовиќ.Поаѓањето е од пред општина Новаци.Очекуваме околу 30 тина учесници со 20 тина мотори. “ рече Ванѓел Котевски организатор на Мото турата.

Овој проект го реализира Центарот за развој на пелагонискиот плански регион заедно со УСАИД а во соработка со деветте општини од Пелагонија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php