«

»

Sep 22

Пуштена во употреба новата спортска сала во Новаци

12038870_1069776656379565_2139207691538247308_o

 

Општина Новаци доби нова спортска сала благодарение на проектот на Владата на РМ „145 училишни спортски сали во РМ“ кој го реализиара Министерството за образование и наукаСалата ја пушти во употреба премиерот Никола Груевски, заменик министерот за образование Спиро Ристовски, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевкси и директорот на ЦОу „Славко Лумбарковски“ Васко Ристовски.

Премиерот подвлече дека оваа спортска сала е дел од владиниот проект со кој 85 веќе се изградени, а 15 спортски сали се во фаза на изградба.

„Во изградбата инвестиравме 23 милиони денари . Децата сега имаат нови сали и можност да играат во повеќе спортови бидејќи објектите се оспособени за спортување и тренирање гимнастика, кошарка, ракомет и мал фудбал, истакна Груевски. Тој потсети дека во рамките на овое проекти подобрени се условите за спорт и рекреација на околу 40.000 ученици ширум Македонија“, изјави премиерот Никола Груевски

Градоначалникот Котевски истакна дека од овој спортски објект благодет ќе имаат околу 300 деца.

 

„ Салата има површина од 650 метри квадратни , опремена е со најмодерна спортска опрема , спортски помагала, соблекувална, тушеви и други помошни простории со што ќе бидат задоволени потребите за групни спортови како кошарка, одбојка и мал фудбал, но и за гимнастички вежби. Објектот и е  отстапен на Општина Новаци и во неа ќе можат да спортуваат, покрај учениците од училиштето „Славко Лумбарковски“  и спортски клубови, спортисти и други кои сакаат да се рекреираат.Општина Новаци понатаму на ова место планира изградба на спортско рекреативен центар и забавен парк со играчки за деца како и отворен базен.“ рече градоначалникот Котевски.

 

Пред учениците, наставниците и присутните гости почетокот на работата на новата спортска сала и важноста на таа инвестиција го поздравија заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php