«

»

Sep 22

Општина Новаци го прослави Рождеството на Пресвета Богородица

12031572_1069022506454980_4697436509706557698_o

Со молитви пред иконата на Богородица, богослужби со литургија и со голем народен собир мноштвото православни христијански верници го прославија раѓањето на Мајката Божја, односно Мала Богородица. Овој празник општина Новаци која беше овогодишен кум на славата традиционално го прославува во манастирот Рождество на Пресвета Богородица.

„Прославата започна во неделата и завршува со понеделник во преубавиот пелагониски манастир Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци каде се прославува веќе 25 ти пат .Црковниот одбор се погрижи како и секоја година така и оваа да има богата културно уметничка програма за многубројните гости кои обично доаѓаат во дворот на манастирот.Годенешен кум на славата е општина Новаци. Овој ден е голем ден за нашата општина затоа што постои традиција која години наназад се почитува, поточно од кога е изграден манастирот во Новаци.Голема чест ни претставува и прусуството на претседателот на Владата Никола Груевски на овогодинешната слава кој ја искористи приликата да не удостои со неговото присуство затоа што беше во Ноаци каде ја пушти новата спортска сала. “ рече Лазар Котевски, градоначалник.

12039169_1069776683046229_2635899338835521636_o

Минатата година за време на празник Мала Богородица, манастирот во Новаци го посетија околу 17 000 верници.Верниците велат дека секоја година доаѓаат на прославата на раѓањето на Мајката Божја.

Манастирот Рожденство на пресвета Богородица, изграден е на 1 км во близина на с.Новаци, десно од брегот на Црна Река. Во 2006 година беше изграден само храмот на манастирот кој е трокорабен  и претставува монументална христијанска градба со 8 кубиња покриени со бакарни плочи, измалтарен со бел малтер. Општина Новаци  редовно се грижи за одржувањето на манастирот која е една од најубавите градби во Пелагонија.

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да ѝ оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.  Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот. Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно се молеа да им биде дадено дете. Голема им беше радоста кога се роди Марија, но голема беше и нивната чесност пред Бога, па тие, не заборавајќи дека Бог на посебен начин им го дал детето, ја дадоа Марија да се воспитува во Ерусалимскиот храм до времето кога му стана свршеница на праведниот Јосиф, т.е. кога Бог одреди да ја прими благата вест од ангелот дека ќе го роди Спасителот на светот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php