«

»

Sep 18

Советот на општина Новаци ја одржа 39-тата седница

DSC_4431

На денешната 39-та седница на Советот на општина Новаци се најдоа дваесеттина точки на дневен ред.

Седницата започна со усвојување на записникот за претходната седница а потоа продолжи со донесување пет одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација за објекти во селата: Долно Агларци, Новаци и Добромири.

Советниците ја усвоија програмата за реконструкција и одржување на полски патишта во општина Новаци за 2015 година.

Беа усвоени барањата од МЗ Новаци за дозиградба на капела во дворот на црквата, авлија на гробиштата и асфалтирање на патот околу гробиштата.

Беше одобрено барањето на МЗ Гнилеж и беа одобрени средства за набавка на 500 метри пластично црево  за обезбедување техничка вода за напојување на добитокот и домашна употреба на месното население.

Советниците ги одобрија барањата на МЗ Тепевци за асфалтирање на патот во должина од 2 км, МЗ Долно орехово за градежни материјали за потребите на манастирот Св.Филип, барањето на МЗ Живојно за набавка на материјали за потребите на манастирот Св. Илија.

Советот на општина Новаци донесе одлука за одобрување на средства за одбележување на верскиот празник „Мала Богородица“ кај манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци.

Советниците го одобрија учеството на општина Новаци во меѓународниот проект „ Развој на вештини на младите во планинските и руралните области “ во рамките на ЕРАЗМУС + програмата.

Советот ја одобри предлог програмата за волонтерство на општина Новаци за 2015 година, како и арањето нам МЗ Добровени.

Советниците ги разгледаа и барањата за еднократна парична помош на физички лица за настаната помош од пожар и временска непогода.

Беше одобрено барањето за набавка на црево во одлжина од 20-30 метри  за изградба на мала акумулација за наводнување.

Советот на општина Новаци ја усвои предлог одлуката за започнување постапка за давање на недвижни ствари под закуп – објект зграда во с. Скочивир на КП бр.871 КО Скочивир.

Последна точка на дневен ред која беше усвоена од страна на советниците беше барањето на Здружението пелагфониски културно научни средби при општина Новаци за организација на оваа манифестација.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php