«

»

Sep 16

Започна превентивното чистење на реката Црна

DSC_4403

Започна превентивното чистење на коритото на река Црна од бујната вегетација која не е исчистена повеќе од три децении. Обраснато е со бујна вегетација што наместа доведува да е стеснето до 1 метар. Се претпоставува дека талогот на дното на реката е во висина од 1 метар, со што се намалува и протокот на вода. Неисчистеното корито на реката Црна годинава беше причинител на катастрофалните поплави во пелагонискиот регион.

Во акцијата се вклучени двете водостопански претрпијатија од Битола и Прилеп и општините Новаци, Могила, Битола и Прилеп.

„Планирано е чистење на 30 километри од коритото од вегатација, како и затворање на оштетените делови. Предвидени се 500 илјади евра од програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство,  исто така секоја општина од Пелагонија ќе учествува со 30 илјади евра, како и  двете водостопански претпријатија“, изјави градоначалникот на Новаци Лазар Котевски, кој воедно е координатор на акцијата.

На едно од оштетените места на реката Црна, каде започна превентивното чистење, на самиот почеток од акцијата за расчистување на речното корито и санирање на оштетените насипи, дојде до пропаѓање на булдожер тежок 45 тони. Работниците вклучени во акцијата, велат дека очекувале да се соочат со вакви проблеми, бидејќи биле запознати со ризичноста на теренот.

„Никогаш не може да се знае какво е земјиштето во долниот дел. Беше како жива песок, колку што повеќе се обидува да излезе, машината пропаѓа. Ќе се обидеме да го извадиме со влечење, ако не, ќе бараме дигалка од РЕК-Битола“, рече Сашо Дојчиновски, од Стентон градба-Битола.

Според планот, предвидено е да се санираат 14  урнати насипи на коритото долж течението на Црна Река  од кои два се на територијат ана Општина прилеп, а останатите на териториите на општините Могила и Новаци. На теренот ќе се работи се додека дозволуваат временските услови.

Обраснато е со бујна вегетација што наместа доведува да е стеснето до 1 метар. Се претпоставува дека талогот на дното на реката е во висина од 1 метар, со што се намалува и протокот на вода. Неисчистеното корито на реката Црна годинава беше причинител на катастрофалните поплави во пелагонискиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php