«

»

Sep 05

Четврт Меѓународен турнир во фудбал за млади пионери во Новаци

11233259_1061252587231972_7540664579807285080_o

 

Викендов во Општина Новаци се одржа традиционалниот, четврт по ред, Меѓународен турнир во фудбал, во пресрет на празникот 8-ми септември. Учествуваа 36 екипи од 19 различни фудбалски клубови од Македонија, Србија и Грција генерација 2002-2007 година. Турнирот свечено го отвори градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски кој истакна дека оваа традицијата ќепродолжи и понатаму.

’’ Годинава општина новаци ќе им биде домаќин на 19 фудбалски клубови односно 36 екипи од различни генерации или  600 дечиња и 40 тренери од македонија, србија и грција. За два дена на терените во новаци и битола ќе се одиграат вкупно 80 натпревари во сите генерации“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Турнирите се играа на игралиштето на ФК Новаци 2005 во Новаци и стадионот на вештачка трева „Павел Шатев“ во Битола. За најдобрите екипи се доделија пехари за освоено 1,2,3 и 4 то место но и поединечни за најдобар играч,стрелец и голман.

На оваа манифестација учество зедоа околу 600 деца и 40 тренери.Натпреварите ги судеа 16 лиценцирани судии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php