«

»

Sep 02

Одржана 11-тата седница на ЦРППР

ppr7915

На 31.08.2015 година, во просториите на општина Ресен се одржа 11-тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Според усвоениот дневен ред, членовите на Советот за развој на Пелагонија усвоија Акциски план за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион во 2016 година и дополнета приоритетна листа за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот регион во 2015 година.

Понатаму, за време на Седницата Градоначалниците ги усвоија измените и дополнувањата на годишниот финансиски план на ЦРППР за 2015 година како и препораките за управување со Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам.

Почнувајќи од 12 Септември во сите девет општини кои се дел од Пелагонискиот Плански Регион ќе се промовираат активности со посебни настани поврзани со промоција на Пелагонија како дестинација за авантуристички Туризам, додаде Стрезовски.

Во текот на работниот ден Градоначалниците на Пелагонискиот плански регион одржаа состанок и на Регионалната развојната агенција Преда на кој за извршен директор на агенцијата повторно беше именувана м-р Милена Димитровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php