Monthly Archive: September 2015

Sep 30

Активно се санираат заштитните насипи на река Црна

Веќе десеттина дена тече акцијата за превентивно чистење на коритото на река Црна. Активно се работи на санирање на заштитните насипи на кои им се дава приоритет. Моментално се работи на санација на заштитните насипи и досега се затворени 8 насипи на и тоа на 2-ри, 9-ти, 5-ти , 10-ти и 7-ми канал. По затворањето …

Continue reading »

Sep 23

Се одржа шестата последна форумска сесија во општина Новаци

Со одржување на последната шеста сесија од програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум“ заврши проектот кој општина Новаци го реализираше и од кој како краен резултат произлезе планираниот буџет за 2015 година по мерка на жители. Целта на оваа сесија  е да се направи статистички преглед на реализираноста на проектите кои беа изгласани од …

Continue reading »

Sep 23

Оглас за преведувач на француски јазик

Почитувани, Општина Новаци има потреба од преведувач од македонски на француски јазик и обратно, од француски на македонки јазик во рамките на проектот “Валоризација на културно наследство за Прва светска војна во општина Новаци”. Огласот можете да го најдете ТУКА.

Sep 23

Мото тура низ Мариово можност за авантуристички туризам

Во рамките на месецот на авантурата денеска во општина Новаци се одржа Мото турата низ Мариово како една од многуте можности за развој на авантуристичкиот туризам.

Sep 23

Јавен повик за волонтери

Почитувани, Општина Новаци објавува јавен повик за ангажирање на две лица за волонтерска работа во општина Новаци во период од 01.10.2015 до 31.12.2015. Јавниот повик можете да го најдете ТУКА.

Sep 22

Пуштена во употреба новата спортска сала во Новаци

  Општина Новаци доби нова спортска сала благодарение на проектот на Владата на РМ „145 училишни спортски сали во РМ“ кој го реализиара Министерството за образование и наукаСалата ја пушти во употреба премиерот Никола Груевски, заменик министерот за образование Спиро Ристовски, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевкси и директорот на ЦОу „Славко Лумбарковски“ Васко Ристовски.

Sep 22

Општина Новаци го прослави Рождеството на Пресвета Богородица

Со молитви пред иконата на Богородица, богослужби со литургија и со голем народен собир мноштвото православни христијански верници го прославија раѓањето на Мајката Божја, односно Мала Богородица. Овој празник општина Новаци која беше овогодишен кум на славата традиционално го прославува во манастирот Рождество на Пресвета Богородица.

Sep 18

Советот на општина Новаци ја одржа 39-тата седница

На денешната 39-та седница на Советот на општина Новаци се најдоа дваесеттина точки на дневен ред.

Sep 17

Втора фаза од теристичката дезинсекција во општина Новаци

Екипа на Центарот за јавно здравје Битола денс ја спроведува втората фаза од ларвицидна теристичка дезинсекција за уништување на комарците и другите штетни инсекти  на подрачјето на општина Новаци. Системската дезинсекција е превентивна противепидемиска мерка за спречување на појава на заразни болести согласно утврдениот план и програма на општината за 2015 година.

Sep 16

Започна превентивното чистење на реката Црна

Започна превентивното чистење на коритото на река Црна од бујната вегетација која не е исчистена повеќе од три децении. Обраснато е со бујна вегетација што наместа доведува да е стеснето до 1 метар. Се претпоставува дека талогот на дното на реката е во висина од 1 метар, со што се намалува и протокот на вода. …

Continue reading »

Older posts «

css.php