«

»

Aug 27

Со концерт на македонската група „Фонтана“ , Ефто Пупиновски и Анастасија Петреска заврши Културно лето Новаци 2015

DSC_2743

Во дворот на преубавиот манастир Рожденство на Пресвета Богородица синоќа со прекрасен концерт на народна музика на кој настапија Ефто Пупиновски и Анастасија Петреска придружувани од реномираната група Фонтана свечено беше затворено Културно лето Новаци 2015.

„Навистина прекрасен настан кој што е многу посетен. Концертот на групата Фонтана, песните на Ефто Пупиновски и Анастасија Петреска  навистина придонесоа за убаво расположение на сите присутни и сметам дека ова е пригоден настан за затварање на овогодинешното издание на Културно лето Новаци 2015. Како и минатите две години така и оваа Топол културен бран е манифестација која ја организира Културно иновативниот клуб Новаци .Ние како општина ќе продолжиме да ги поддржуваме и помагаме ваквите културни манифестации.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Генерален покровител на Културно лето Новаци 2015 е општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски, додека дел од настаните беа поддржани и од Министерство за култура на РМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php