«

»

Aug 19

Бесплатни превентивни прегледи преку проектот „ Здравје за сите “ во пензионерскиот клуб во Новаци

11894400_10153558334233988_7427205874305985239_o

Високите темепратури карактеристични за месец август и спарното време е причинител на разни здравствени тегоби во летниот период , па токму затоа општина Новаци во соработка со службата за итна медицинска помош од Битола организираше бесплатни здравствени прегледи за жителите на ова населено место во рамките на неколкугодишниот проект на Министерството за здравство на РМ „ Здравје за сите“.

„Екипа за  Итната медицинска помош од Битола им мереше шеќер во крвта, холестерол, крвен притисок,обем, телесна тежина но и ги советуваше жителите на Новацу како полесно да се справат со здравствените тегоби и високиот температурен бран . Ова е особено важно за населението од руралните средини и ќе биде уште покорисно ако се спроведува редовно.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Акцијата наиде на голем интерес а се организираше во просторијата на пензионерскиот клуб во Новаци.Ова е веќе редовна практика неколку години наназад , општина Новаци да биде опфатена со преотот „ Здравје за сите“ .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php