«

»

Aug 14

Отворени денови со земјоделците во општина Новаци и Гермијан

11850691_10153545607818988_4966890931648850113_o

 

Започнаа отворените денови со земјоделците а самиот проект го најави заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски. Во текот на еден месец стручни тимови составени од претставници од  Министерството за земјоделство, АПРЗ и Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој ќе посетат 102 населени места во цела држава.На овие денови земјоделците ќе имаат можност да се информираат за поволностите што ги нудат програмите за финансиска поддршка на земјоделството и да дадат свои предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат.

„Вакoв отворен информативен ден ќе има во Новаци денеска со почеток во 20 часот во салата во Општина Новаци а во 21 часот во с. Гермијан.Пред десеттина дена имавме обука за користење и информирање на земјоделците за користење и аплицирање за средства од ИПАРД повикот. Целта на ваквите средби е земјоделците да се информираат правилно со цел да се зголеми успешноста во користењето на средствата од ваквите и слични повици“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Вчера заменик министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски при посетата на општина Могила, истакна дека на овие трибини сите прашања ќе бидат одговорени а на земјоделците покрај информирањето за финансиските програми и ИПАРД програмата ќе им се помогне и при пополнувањето на апликациите.

Овој проект го реализираат заеднички Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, АПРЗ и АФПРРЗ.  Намерата е во период од 30 дена, односно до 13 септември да посетиме 102 населени места при што стручни тимови од Министерството и од двете агенции ќе ги посетат земјоделците во секое населено место, изјави заменик Министер за земјоделство Ванчо Костадиновски.

За време на отворените денови земјоделците ќе имаат можност да се информираат за поволностите што ги нудат програмите за финансиска поддршка на земјоделството и да дадат свои предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат. Стручните тимови ќе ги презентираат можностите на ИПАРД – програмата како и Националната програма што веќе е во тек.

Ваквите активности се од големо значење за земјоделците од пелагонискиот регион. Обука за ИПАРД програмата, аплицирање и услови имаше пред десеттина дена во општина Новаци. Проектот отворени денови ќе трае еден месец до 13 септември.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php