«

»

Aug 13

Постојаниот претставник од УНДП, Лујза Винтон во посета на Општина Новаци

DSC_0167

 

Градоначалникот Лазар Котевски оствари средба со Лујза Винтон -постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Целта на средбата е увид во реализацијата на проектите од програмата за општинско корисна работа во општините од преспанско – пелагонискиот регион ,проектот „ Растеме и учиме заедно 2“ кој втор пат се спроведува во општина Новаци.

„ Прв пат сум во Новаци и многу сум благодарна за гостопримството, топлото добредојде и секако за успешноста на нашето партнерство. Нашата соработка ќе продолжи и понатаму а особено се радувам што овозможивме социјализација на дечињата и обезбедување на исти услови за едукација како во урбаните така и во руралните средини. Овој проект има и друг ефект а тоа е привремено вработување на лица кои подолго време бараат работа.“ рече Лујза Винтон, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

„Со овој проект се опфатени вкупно 58 дечиња од пет села на територијата на општина Новаци:Добромири, Далбеговци и Живојно, додека во Агларци и Гермијан дечињата се згрижени во подвижен центар .Со програмата за одржливи вработувања привремено се вработени на пола работно време 5 едукатори , еден психолог и еден дефектолог. Заинтересираноста кај родителите за ваква едукација на своите деца е голема  затоа што учеството во овој проект придонесува за социјализација на децата од руралните средини преку заедничко дружење и учење. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Проектот „Растеме и учиме заедно 2“ е финансиран од страна на УНДП и општина Новаци, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за финансии и АВРМ. Општина Новаци трет пат реализира  проект од програмата општинско корисна работа. Претходно успешно го имплементираше шест месечниот проект за неформално образование на жените албанки и нивно изучување на македонскиот  јазик а потоа проектот „Растеме и учиме заедно 1“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php