«

»

Aug 12

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Јавниот повик се распишува согласно на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014, 42/2015, 44/2015), за 2015год.

  • Во период од 31 ден, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 од Законот за Просторно и Урбанистичко планирање.
    • Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
    • Јавниот повик ќе трае од 11.08.2015 до 12.09.2015год. – 31 ден, сметано од објавата во дневното гласило “Нова Македонија ”.
    • Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Новаци, www. opstinanovaci.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило на општината.
    • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на одделението за комунални дејности, сообраќај, урбанизам, заштита на животната средина и локален економски развој   при Општина Новаци  или во електронска форма преку  информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок
    • За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
    • Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци  за 2015год.
    • Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.

03-731/1

10.08.2015год

Новаци

 

ГРАДОНАЧАЛНИК
На Општина Новаци
Лазар  Котевски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php