Monthly Archive: August 2015

Aug 27

Со концерт на македонската група „Фонтана“ , Ефто Пупиновски и Анастасија Петреска заврши Културно лето Новаци 2015

Во дворот на преубавиот манастир Рожденство на Пресвета Богородица синоќа со прекрасен концерт на народна музика на кој настапија Ефто Пупиновски и Анастасија Петреска придружувани од реномираната група Фонтана свечено беше затворено Културно лето Новаци 2015.

Aug 25

Советот на општина Новаци ја одржа 38-мата седница

Советниците во Советот на општина Новаци денеска разгледаа и донесоа одлуки за дваесеттина точки на дневен ред. Седницата започна со донесување на записникот а потоа се донесе Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Новаци      за 2015 година и Одлука за измена и дополнување Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Новаци за 2015 …

Continue reading »

Aug 25

Вечер на поезија и уметност во рамките на Културно лето Новаци 2015

Синоќа на летната сцена во дворот на Општина Новаци, се одржa Вечер на поезија и уметност со Никола Маџиров,стихови читаше Елизабета Јончиќ.

Aug 21

Изложба на фотографии и електронски разгледници „Убавините на Новаци“ на Мартин Николовски

Во рамките на Културното лето Новаци 2015 во салата на општината се одржа излжба на фотографии и електронски разгледници „Убавините на Новаци“ на младиот битолчанец Мартин Николовски. Покровител на оваа изложба е градоначалникот Лазар Котевски а исто така поддржана од Министерството за култура на РМ преку проектот „Топол културен бран“.

Aug 20

Теристичката дезинсекција во општина Новаци

Деновиве екипа на Центарот за јавно здравје Битола ја спроведува системската дезинсекција за уништување на комарците и другите штетни инсекти  на подрачјето на општина Новаци, како општа превентивна противепидемиска мерка за спречување на појава на заразни болести.

Aug 20

Почна регулација на водотекот во село Долно Агларци

Со средства обезбедени преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион се започна со активности за регулација на водотек во селото Долно Агларци, општина Новаци.

Aug 19

Бесплатни превентивни прегледи преку проектот „ Здравје за сите “ во пензионерскиот клуб во Новаци

Високите темепратури карактеристични за месец август и спарното време е причинител на разни здравствени тегоби во летниот период , па токму затоа општина Новаци во соработка со службата за итна медицинска помош од Битола организираше бесплатни здравствени прегледи за жителите на ова населено место во рамките на неколкугодишниот проект на Министерството за здравство на РМ …

Continue reading »

Aug 18

Со финансиска поддршка на АФПЗРР се реализираат 180 инфраструктурни проекти

  Со финансиска поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе се финансираат 180 инфраструктурни проекти од осум плански региони. Вчера во АФПЗРР на градоначалниците им беа врачени 180 времени решенија  за инфраструктурни проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година. 

Aug 14

Ќе се чисти река Црна во должина од 30 км

Координативното тело за чистење на река Црна составено од претставници на општините Новаци, Могила, Битола и Прилеп како и водостопанските претпријатија на овие општини постојано се во контакт со МЗШВ и ДЗС во врска со акцијата која деновиве треба да започне .Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски е назначен за главен координатор на акциониот план …

Continue reading »

Aug 14

Отворени денови со земјоделците во општина Новаци и Гермијан

  Започнаа отворените денови со земјоделците а самиот проект го најави заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски. Во текот на еден месец стручни тимови составени од претставници од  Министерството за земјоделство, АПРЗ и Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој ќе посетат 102 населени места во цела држава.На овие денови земјоделците ќе имаат можност да …

Continue reading »

Older posts «

css.php